Услови за користење


Овие Услови за користење имаат за цел да ги објаснат и определат правата и обврските помеѓу КЛИКОН ТЕХНОЛОГИИ ДОО (во понатамошниот текст: Кликон) како давател на услуги и Вие како корисник на услуги (во понатамошниот текст: Корисник). Ве молиме прочитајте ги внимателно.


Значење на изразите

  • „Услови за користење“ – имаат својство на Договор.
  • „Кликон“ – значи КЛИКОН ТЕХНОЛОГИИ ДОО Кавадарци, со седиште на улица “Булевар Македонија број 13-8“ - Кавадарци и ЕМБС 7030576.
  • „Корисник“ – значи лицето кое се регистрирало да ги користи Сервисите, вклучувајќи го и субјектот во чие име лицето се регистрирало да ги користи Сервисите.
  • „Кориснички профил“ – значи визуелно прикажување на лични податоци поврзани со одреден Корисник.
  • „Сервиси“ – значи содржината на претплатениот пакет односно онлајн фактурирањето и управувањето со бизнис понудата и бизнис контактите достапни преку Веб-сајтот (кои можат да бидат сменети или ажурирани од време на време од страна на Кликон).
  • „Веб-сајт“ – значи сите веб-страници на доменот www.clicon.mk или секоја друга веб-страница раководена од Кликон.
  • „Надоместок за претплата“ – значи претплата (изразена во нето сума) која треба да ја плати Корисникот во согласност со временската рамка определена на Веб-сајтот и во зависност од одбраниот пакет (Кликон може да ја смени висината на надоместокот за што Корисниците ќе бидат соодветно известени).
  • „Податок“ – значи секој податок внесен од Корисникот или со овластување на корисникот на Веб-сајтот.
  • „Доверлива информација“ – ги вклучува сите информации разменети помеѓу страните на овој договор, било во пишана, електронска или усна форма, вклучувајќи ги Сервисите но не ги вклучува информациите кои се или станале јавно достапни освен оние информации кои станеле јавно достапни преку неовластено разоткривање од другата страна.
  • „Интелектуална сопственост“ – претставува збир од правни правила кои што ги нормираат општествените односи во поглед на интелектуалните творби во областа на патентите, корисните модели, трговските марки, индустрискиот дизајн, ознаката на потекло и географската ознака, новите растителни сорти, спречувањето на нелојалната конкуренција, книжевноста, науката, уметноста и изведувањето на делата.

Главен дел

Овие Услови за користење го обврзуваат Корисникот при секое користење на услугите и содржините од веб-сајтот на Кликон односно користење на сите веб-страници од веб-сајтот на Кликон и Сервисите кои припаѓаат на доменот www.clicon.mk.

Со регистрирање на кориснички профил на нашиот Веб-сајт, Вие признавате дека сте ги прочителе и разбрале овие Услови за користење и сте согласни со истите. Ќе се смета дека имате овластување во име и за сметка на субјектот да ги користите услугите и дека ги прифаќате Условите за користење во име на субјектот за кој ги користите услугите.


Кориснички профил

За да пристапите и за да ги користите услугите и Сервисите на Кликон потребно е да креирате кориснички профил. Постапката за креирање на кориснички прифил ја спроведувате преку процесот на регистрација. При процесот на регистација вие гарантирате дека податоците кои ги внесувате се точни, вистинити, ажурирани и целосни. Во спротивно Кликон има право да го суспендира или крајно да го прекине вашиот пристап до Веб-сајтот и користењето на Сервисите и услугите на Кликон.

Користењето на лични податоци од страна на Кликон кои ги доставувате како дел од процесот на регистрација е регулирано со нашата Политика за приватност.

Вие имате одговорност корисничкото име и лозинката потребни за да добиете пристап до вашиот кориснички профил да ги чувате безбедно и доверливо. Морате веднаш да го известите Кликон во случај на неовластено користење на вашата лозинка или било каков друг упад во безбедноста на вашиот кориснички профил, при што Кликон ќе ви даде упатства за понатамошно постапување. Вие мора да ги преземете сите неопходни мерки за одржување на безбедноста на компјутерскиот систем на Кликон и вашиот пристап до Сервисите.


Пристап до Веб-сајтот

Кликон го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап до Веб-сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Кликон, и Кликон не е одговорен за било кои податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Кликон е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, Веб-сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, но без ограничување на, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Кликон, пристапот до Веб-сајтот може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Кликон има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на Веб-сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на Веб-сајтот.


Опрема за употреба и користење на Веб-сајтот

Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на веб-сајтот на Кликон и сите трошоци поврзани со истото. Кликон не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој веб-сајт.

При вашето користење на Веб-сајтот вие се согласувате истиот да го користите совесно, професионално и во рамките на добрите деловни практики. Не е дозволено користење на веб-сајтот за било какви незаконски цели или цели на измама. Не е дозволена злоупотреба на веб-сајтот со внесување вируси, виртуелни тројанци, црви, логички бомби или друг материјал коишто се за злонамерни цели или пак технолошки штетни.

При користењето на алатките за комуникација (каков што е системот за пораки) забранет е било кој вид на СПАМ-ирање; споделувањето на порнографски содржини, забранет е говор на омраза, дискриминација или било каков навредлив говор; забрането е дистрибуирање на материјал кој прекршува авторски и сродни права или правата на индустриска сопственост.

Кликон не е обврзан да ги проверува и регулира содржините на корисниците, но го задржува правото доколку се прекршени Условите за користење, да ги отстрани корисничките профили или пак да одбие доставување на услуги.


Претплатени сервиси

Одредени Сервиси на Веб-сајтот можат да бидат достапни само на основа на претплата. Содржината на пакетите и надоместокот за претплата на истите е понуден тука. Кликон го задржува своето дискреционо право од време на време да ги модификува претплатените сервиси и надоместокот за претплата. Кликон ќе ги извести своите Корисници за промените во однос на материјалната страна на претплатените сервиси и надоместокот за претплата со праќање порака на електронска адреса, односно со известување на вашиот кориснички профил.


Начини на плаќање

Кога за прв пат одбирате еден од понудените месечни пакети, на денот на одбирање на пакетот ќе ви биде испратена профактура на електронска адреса и преку Кликон. На денот на плаќањето на профактурата ќе ви биде издадена фактура од кога ќе почне да се засметува периодот од 1 (еден) месец за користење на пакетот. Наредната фактура ќе се издаде на утврдениот датум наредниот месец. Доколку наредниот месец има помалку денови од утврдениот датум, фактурата ќе се издаде на последниот ден од месецот.

Доколку за прв пат изберете годишен пакет, на денот на плаќањето на профактурата ќе ви биде издадена фактура од кога ќе почне да се засметува периодот од 1 (една) година за користење на пакетот. Наредната фактура ќе ви биде издадена на утврдениот датум наредната година.

Сите фактури од Кликон ќе ви бидат испратени преку е-пошта и преку Кликон на вашиот кориснички профил. Сите фактури треба да ги платите во рок од седум дена од нивното издавање сметано со денот на издавањето. Надоместоците за претплата се изразени во нето сума која треба да ја платите спрема Кликон. Ваша дополнителна обврска е да ги намирите другите давачки за такси, даноци или банкарски провизии.

Доколку Ви се потребни издадените фактури од Кликон во оригинал, истите ќе ви бидат испратени преку пошта или друг начин на достава што ќе го избере Кликон на сопствен трошок.

Вие како Корисник, по одредени услови можете да мигрирате од еден пакет на претплата во друг, во зависност од вашите потреби, или во целост да откажете пакет. Постапката за надградување, деградирање или откажување на пакет се одбира во поставувањата за претплата. Овој процес е целосно автоматизиран за Корисникот да може во најбрзо време да ги користи услугите на новиот пакет.

При откажување или деградирање на пакетот на претплата од ваша страна или при прекинување на истиот од страна на Кликон, нема да ви се вратат средствата од надоместокот за претплата за било кој останат дел од тековниот период.

При надградување на пакетот од основен во неограничен, Вие ја доплаќате само разликата во цената само за деновите кои ви преостануваат од Сервисите на Кликон што ќе ги користите со новиот пакет на претплата. Во постапката за надградување на месечниот или годишниот пакет на транспарентен и јасен начин ќе ви биде прикажана сумата што треба да ја доплатите. Дури по прифаќањето на таа сума Вие ќе можете да ги користите Сервисите на неограничениот пакет.

Доколку Кликон не го добие навреме надоместокот за претплата, тогаш го задржува своето ексклузивно право да го прекине или суспендира вашето право да ги користите платените сервиси се до моментот на плаќање на фактурата.


Содржина на трети лица

Кликон, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, Кликон нема уредувачка контрола врз таквите содржини. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица низ Веб-сајтот, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од крајните корисници се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на Кликон.

Кликон ниту поддржува ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на веб-сајтот од било кого. Под никакви околности Кликон нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку Кликон. Одговорност на крајниот корисник (бизнис, компанија, организација) е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку Кликон.

Кликон содржи линкови до веб-страници на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за крајниот корисник, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и Кликон изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб-сајтови на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб-сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Кликон го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.


Приватност

Кликон има изготвено Политика за приватност која ги одредува обврските на страните за почитување на личните податоци. Со прифаќање на Условите за користење ќе се смета дека се согласувате и со нашата политика за приватност.


Интелектуална сопственост

Носител на правата на интелектуална сопственост кои потекнуваат од Сервисите, Веб-сајтот и целокупната документација поврзана со Сервисите е Кликон како нивен сопственик.

Корисникот е носител на правата на секој Податок што ќе го внесе на Веб-сајтот со цел користење на Сервисите. Вашиот пристап кон податоците е условен од надоместокот за претплата кој треба да го платите спрема Кликон. Вие го овластувате Кликон да ги користи, пренесува, копира и зачувува вашите податоци со цел непречено коиристење на услугите и Сервисите на www.clicon.mk.

Корисникот мора да чува копии од сите Податоци кои ги внесува со користење на Сервисите. Кликон ве советува да ги користите најдобрите практитки, политики и процедури за да се спречи губење на податоците, вклучувајќи и дневен систем за back-up на податоците. Кликон не дава потполна гаранција дека нема да настане губење на Податоци. Кликон експлицитно е исклучен од одговорност за било какво губење на податоците без оглед на причината што ги предизвикала.

Ако Корисникот им овозможи, дозволи на апликации на трета страна да ги користат врските со Сервисите, тогаш корисникот се согласува дека Кликон може да им дозволи на провајдерите на тие апликации на трети лица да имаат пристап кон Податоците кога е потребно за непречено функционирање и соработка на двата системи. Кликон нема да биде одговорен за откривање, измена или бришење на Податоците врз кои имале пристап провајдерите на апликациите на третата страна.

Со користењето на Веб-сајтот, Вие се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате или препродавате било која содржина добиена преку Веб-сајтот без претходно писмено одобрување од наша страна или соодветниот автор. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права или друга интелектуална сопственост, а прекршителот во ваков случај подлежи на одговорност за надомест на штета.

Кликон го задржува правото да ја избрише секоја содржина поставена на Веб-сајтот што ги повредува авторските и другите сродни права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до Кликон од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на Веб-сајтот на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, потребно е да го известите Кликон со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или електронска адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права.


Ограничување на одговорноста

Кликон, неговите вработени, соработници или други лица кои делуваат во име на Кликон во никој случај не се одговорни за директна или индиректна штета, загуба на профит, загуба на приходи, губење на принципи на добра волја, губење на некој софтвер или податоци, губење на можности, губење на користење на компјутерска опрема или за какви било последователни или специјални загуби кои произлегуваат или се поврзани со: вашето користење на Веб-сајтот, содржината, услугите и Сервисите на Веб-сајтот; вашата неможност да го користите Веб-сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на Веб-сајтот и/или други околности.

Кликон го задржува правото во секое време да врши измени и дополнувања на овие Услови за користење. Измените и дополнувањата ќе стапат во сила со нивното објавување на нашиот Веб-сајт. За секоја промена на Условите за користење, Кликон ќе ги извести своите корисници преку објава на Веб-сајтот или преку е-пошта. Ќе се смета дека Корисникот се согласува со измените на Условите за користење доколку истиот продолжи да ги користи услугите и Сервисите на Кликон по испратеното известување.


Имате прашања?

Доколку имате прашања во врска со нашите Услови за користење, искуството или комуникацијата со веб-сајтот на Кликон, ве молиме контактирајте нé на следнава електронска адреса: contact@clicon.mk.


Последен пат ажурирано на, 01.07.2016 година.