Политика за приватност


Ние во Кликон Технологии ДОО (во понатамошниот текст „Кликон“, „ние“, „наше“, „нам“) посветуваме особено внимание на правото на приватноста и заштитата на личните податоци на нашите корисници.

Наш врвен приоритет е градењето на доверба со Вас - корисниците на нашиот веб-сајт www.clicon.mk, па затоа сакаме да Ве запознаеме со начините на кои ги собираме и почитуваме вашите лични податоци. За таа цел ја создадовме оваа Политика за приватност преку која се објаснува кога и кои податоци ги собираме, како ги собираме, како ги користиме податоците од Вас - корисниците и како ги заштитуваме вашите лични податоци.

Оваа Политика за приватност се однесува само за нашиот веб-сајт www.clicon.mk. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други сајтови, ние не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие сајтови.

Ве молиме прочитајте ја оваа Политика за приватност внимателно. Истата ќе ви помогне да донесете информирана одлука за споделувањето на Вашите лични податоци со нас. Со пристапувањето на нашиот веб-сајт или со користењето на нашите услуги, корисникот признава дека ги прочитал, ги разбрал и е согласен со условите определени во оваа Политика за приватност и е обврзан со неа.


Кога и кои податоци ги собираме?

Користењето на услугите на Кликон вклучува собирање на податоци за правното или за физичкото лице. Тие податоци можат да вклучат и лични податоци. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Кликон може да собира лични податоци директно од Вас кога Вие креирате кориснички профил (при регистрација), кога ги користите нашите услуги, кога комуницирате со другите корисници, кога стапувате во контакт со нашиот тим за поддршка на корисници или кога го посетувате нашиот веб-сајт.

Кога креирате кориснички профил на нашиот веб-сајт www.clicon.mk ние ги собираме податоците потребни за да го креирате вашиот профил. Во тие податоци се вклучени името и презимето на физичкото лице кое ја пополнува регистрацијата, назив на компанијата и официјалната електронска пошта на компанијата.

За непречено користење на одредени услуги кои Кликон ги нуди на корисниците потребно е да се соберат податоци за банкарските сметки на корисниците, даночни броеви и сметководствени и финансиски информации.

Кога стапувате во контакт со нашиот тим за поддршка на корисници, со цел да го категоризираат вашето прашање и да одговорат на истото, можеби ќе биде потребно да соберат одредени лични податоци и информации од вашиот кориснички профил. Исто така овие информации ги користиме за да детектираме потенцијални проблеми и трендови и да ја прилагодиме нашата поддршка за подобро да ви служи на Вас – корисниците.

Вие можете да одберете да не обезбедите некои од Вашите лични податоци на Кликон, но тоа може да значи дека нема да бидеме во можност да Ви ги испорачаме нашите услуги.


Како се собираат личните податоци?

Ние ги собираме, обработуваме и чуваме Вашите лични податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Информациите се собираат при посета на нашиот веб-сајт и користење на услугите и сервисите кои се достапни на истиот со Ваша согласност. Ние го собираме минимумот на потребни информации со цел да ја обезбедиме услугата која Ви е потребна.


Како се користат личните податоци?

Ние ги користиме и обработуваме собраните лични податоци единствено за овозможување на нашите услуги и подобрување на истите. На пример вашите лични податоци се користат при потврда/верификација на вашиот идентитет, администрирање на услугите, за да Ве известиме за постоењето на нови услуги или измена на постоечките, за отстранување на одредени проблеми поврзани со користење на услугите, за да комуницираме со Вас.

Ние никогаш не ги изнајмуваме, продаваме ниту пренесуваме вашите податоци на трети лица. Кликон може да ги споделува информациите на клиентите со овластени трети лица – даватели на услуги кои извршуваат функции во наше име како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки.

Податоците можат да бидат отстапени и на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

Податоците за корисниците кои престанале да ги користат нашите услуги нема да бидат избришани, доколку не се поднесе барање за целосно бришење на истите.


Споделување на податоци

Кога ги користите услугите на Кликон и веб-апликацијата на Кликон за комуникација и вмрежување, Вие самите одбирате кои податоци се прикажуваат. Вие (крајниот корисник) ја контролирате приватноста за кого се достапни и кој друг корисник (физичко лице или компанија) може да ги види, односно, можете да ги направите Вашите податоци (лични или податоци за бизнис контакт) јавни или можете да ги споделувате со одбрани корисници.


Заштита на податоците

Кликон е посветен на заштита на безбедноста на вашите лични податоци и ги презема сите разумни мерки на претпазливост за да се заштитат од неовластен пристап, измена или откривање вашите податоци.

Вашите лични информации се чуваат на безбедни Microsoft Azure сервери. SSL (Secure Sockets Layer) протоколот овозможува сигурна врска помеѓу прелистувачот и серверот, оневозможувајќи пристап на податоците од трети лица.

Корисничката лозинка е енкриптирана по стандардите на Microsoft. Обврска на корисникот е да ја чува својата лозинка сигурна. Ве молиме заштитете го вашиот профил со користење на силна лозинка (препорачливо алфанумеричка). Во случај да забележите дека вашата лозинка е пробиена или злоупотребена веднаш известете нé и веднаш пристапете кон промена на вашата лозинка преку процесот на заборавена лозинка.


Измени на Политиката за приватност

Кликон го задржува правото во секое време да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност. Измените и дополнувањата ќе стапат во сила со објавување на истите на нашиот веб-сајт. За секоја промена во Политиката за приватност, Кликон ќе ги извести своите корисници преку објава на нашиот веб-сајт или преку е-пошта. Ќе се смета дека корисникот се согласува со измените на Политиката за приватност доколку корисникот продолжи да ги користи услугите на Кликон по испратеното известување.


Имате прашања?

Доколку имате прашања во врска со нашата Политика за приватност, искуството или комуникацијата со веб-сајтот на Кликон, ве молиме контактирајте нé на следнава електронска адреса: contact@clicon.mk.


Последен пат ажурирано на, 01.07.2016 година.